Dilara Hamit
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Кина достигна 3.122, соопшти денес кинеската Национална комисија за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните истакнаа дека во изминатите 24 часа починале 22 лица, додека откриени се 40 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата изнесува 80.735.
Најмалку 20.146 лица моментално се под медицински третман, а бројот на отпуштени пациенти од болниците е 58.600.
Претходно беше соопштено дека 16 импровизирани болници во покраината Хубеи - епицентарот на епидемијата - постепено ќе бидат затворени поради недоволна исполнетост.
Првин откриен во Вухан, Кина, во декември, вирусот официјално познат како Ковид-19 се рашири во над 80 земји.
Според Светската здравствена организација (СЗО), во светот досега починаа околу 3.500 луѓе, а 100.000 лица се заразени со вирусот.