Mahmoud Barakat
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
РИЈАД (АА) - Саудиските власти, по синоќешното соборување на дрон во близина на Кралстата палатан во Ријад, денес соопштија дека ентузијастите на беспилотни летала треба да добијат дозвола пред да ги користат дроновите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција СПА (SPA) ја пренесе изјавата на портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија кој вели дека регулативата за употреба на дронови е во својата последна фаза.
Тој ги повика ентузијастите на дронови да аплицираат за потребните дозволи со кои ќе им биде дозволено да ги употребуваат дроновите за целите наведени во дозволата, и на локациите дозволени од страна на полицијата во нивните соседства.
Портпаролот рече дека мерката ќе биде привремена до издавањето на регулативата.
Синоќа, безбедносните сили на Саудиска Арабија соборија рекреациски дрон којшто леташе во населбата Хузама, во близина на Кралската палата во Ријад, што предизвика шпекулации за немири во кралството богато со нафта.
Портпаролот на полицијата изјави дека безбедносниот скрининг-центар во Хузама забележал мал рекреативен дрон без дозвола, што ги навело безбедносните сили да реагираат во согласност со дадените наредби и инструкции.
Саудиски официјален претставник изјави дека кралот Селман не бил во палатата за време на инцидентот.