Hamdi Yıldız
18 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
РИЈАД
Активистката од Саудиска Арабија, Луџејн ел Хезлул, истакна дека е вратена со разочарување по притворот од 1.001 ден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хезлул, во објавата на својот профил на социјалната мрежа Твитер, истакна: „Се враќам со голема благодарност, но со 1.001 разочарување и повредено срце.“
Објавата на Хезлул за краток период е споделена од илјадници луѓе, меѓу кои и од опозицискиот лидер на Саудиска Арабија, Абдулах Салман ал Авде, кој живее во странство.
Исто така, нејзината објава е споделена и од американскиот државјанин со египетско потекло, активистот Мухамед Султан и од активистот на египетската опозиција и човекови права, Хејсем Абу Калил.
- Хезлул е приведена во мај 2018 година
Некои активистки во Саудиска Арабија, вклучувајќи ја и Луџејн ел Хезлул, беа приведени во мај 2018 година, по што Државното обвинителство некои од нив ги обвини за „нанесување штета врз интересите на земјата“.
Експертите за човекови права на Обединетите нации повикаа на итно ослободување на Хезлул и повлекување на „неоснованите“ обвиненија против неа.
Весникот „Сабк“ (Sabq), со седиште во Саудиска Арабија, на 28 декември соопшти дека Хезлул е осудена на 5 години и 8 месеци затвор за „вмешаност во криминални активности во рамките на борбата против тероризмот, финансирање тероризам и обид за промена на режимот со странска поддршка“.
Некои организации за човекови права тврдеа дека активистката Хезлул била измачувана.
Од друга страна, Саудиска Арабија ги негира овие обвинувања.