Ali Kemal Akan
15 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
БАЛИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со премиерката на Италија, Џорџа Мелони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата се одржа во рамките на Самитот на Г20 што се одржува во Бали, Индонезија.

Оваа средба на Ердоган и Мелони беше затворена за медиумите.
На средбата од турската делегација беа присутни министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии, Нуредин Небати, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, и портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик.