Canberk Yüksel
13 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Саемот за автомобили „Њујорк автошоу“ (New York Auto Show), кој љубителите на автомобилите го чекаат со нетрпение, в петок ги отвора своите врати за посетителите, јавува Anadolu Agency (AA).
На саемот којшто посетителите ќе имаат можност да го посетат во период од 10 дена, ќе бидат изложени многу различни светски автомобилски брендови, како германските автомобили „мерседес“ (Mercedes), „БМВ“ (BMV) и „ауди“ (Audi), автомобили од домашно производство „форд“ (Ford), „доџ“ (Dodge) и „кадилак“ (Cadillac) како и автомобили од азиско прозиводство, „тојота“ (Toyota) и „хонда“ (Honda).
Се очекува саемот во кој ќе бидат изложени околу 1.000 автомобили и теренски возила, да го посетат илјадници посетители.
Саемот ќе се отвoри в петок, а ќе трае до недела, 23 април.