свет

САД ќе донираат половни воени авиони „Ф-16“ за Бугарија

- Авионите ќе ѝ бидат донирани на Бугарија со образложение дека „веќе не се користат во САД“. Авионите „Ф-16“ ќе се користат за обука на бугарски пилоти

Ihvan Radoykov  | 22.10.2020 - Обновена : 23.10.2020
САД ќе донираат половни воени авиони „Ф-16“ за Бугарија

СОФИЈА 

Соединетите Американски Држави (САД) ќе донираат два половни воени авиони „Ф-16“ за Бугарија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од американската Амбасада во Софија се нагласува дека одлуката е донесена откако американскиот заменик-државен секретар Кларк Купер вчера ги посети воените бази на САД во Бугарија.

Исто така се истакнува дека авионите ќе ѝ бидат донирани на Бугарија со образложение дека „веќе не се користат во САД“.

Американската Амбасада во Софија ја сподели и информацијата дека авионите ќе се користат за обука на бугарски пилоти.

„Со авионите „Ф-16 Блок 70“ Бугарските вооружени сили ќе создадат огромни ресурси за логистика на нашите заеднички мисии со цел да се осигура безбедност во регионот на Црното Море“, се додава во соопштението.

Меѓу другото, наведено е дека во последните две години, во рамките на соработката меѓу САД и Бугарија на воено поле, биле реализирани 170 заеднички иницијативи, 5.000 бугарски војници биле обучени во САД и дека САД инвестирале 50 милиони долари во одбранбени објекти во Бугарија.


- Испораката чека одобрување од Конгресот на САД

Бугарија, чија флота на воздухопловните сили се состои од дотраени стари авиони од руско производство, плати 1 милијарда евра во готово за осум авиони „Ф-16“ што треба да се купат од САД.

Авионите во Бугарија ќе стигнат во 2024 година. Бугарија исто така соопшти дека е подготвена да купи уште осум авиони.

Премиерот Бојко Борисов соопшти дека се доделени 150 милиони евра за поправка и подготовка на воените бази во Бугарија, каде што ќе се користат авионите што се очекува да стигнат од САД.

За предавањето на донираните авиони се очекува одобрување од Конгресот на САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın