Muhammet Kurşun
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 31.650, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 304 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 31.650.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 5.471 случај на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 550.757.
Според Лари, 4.895 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 442.674 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.628.866 тестирања за Ковид-19.