Şeyma Uzundere
23 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
СЕУЛ
Специјалниот претставник на американскиот претседател Џо Бајден за Северна Кореја, Сунг Ким, изјави дека раководството на САД е подготвено за состанок со севернокорејските челници на кое било место и во кое било време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ким допатува во официјална посета на Јужна Кореја и во Сеул изјави дека Северна Кореја треба да се врати на нуклеарните преговори.
Нагласувајќи дека воените вежби на САД и Јужна Кореја се од мирновременски и одбранбен карактер, Ким рече дека двете земји не се непријателски расположени кон Северна Кореја.
„Северна Кореја треба да се врати на преговарачка маса. Подготвени сме да се сретнеме секогаш и насекаде“, рече американскиот претставник Ким.
Американската и јужнокорејската армија спроведуваат голема воена вежба на Корејскиот Полуостров, а севернокорејските власти предупредија дека ваквите воени активности ја загрозуваат стабилноста во регионот и најавија засилување на сопствената воена подготвеност.
Севернокорејските власти на крајот на јуни рекоа дека не сакаат да ги продолжат нуклеарните преговори со САД, но по едногодишната блокада на крајот на јули, тие отворија канали за комуникација со Јужна Кореја.