свет

САД ја изведоа операцијата „Hawkeye Strike“ во Сирија против позиции на ДЕАШ

„Ако ги целите Американците - било каде во светот - ќе го поминете остатокот од вашиот краток, вознемирувачки живот знаејќи дека САД ќе ве бараат, ќе ве најдат и безмилосно ќе ве убијат“

Merve Berker  | 20.12.2025 - Обновена : 20.12.2025
САД ја изведоа операцијата „Hawkeye Strike“ во Сирија против позиции на ДЕАШ

АНКАРА/ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите АМерикански Држави (САД) започнаа операција во Сирија како одмазда за смртоносниот напад врз американските сили во Палмира на 13 декември, објави министерот за одбрана Пит Хегсет, пренесува Анадолу.

„Аериканските сили ја започнаа операцијата ‘Hawkeye Strike’ во Сирија за елиминирање на борците на ИСИС (ДЕАШ), инфраструктурата и локациите за оружје“, напиша Хегсет на американската платформа за социјални медиуми X.

Операцијата беше опишана како директен одговор на нападот, чија цел беше американскиот персонал стациониран во источна Сирија.

„Ова не е почеток на војна - ова е израз за одмазда“, рече Хегсет, додавајќи дека САД „никогаш нема да се двоумат и никогаш нема да попуштат во бранењето на својот народ“.

Тој истакна дека САД „следеле и убиле“ неколку лица за време на нападот и навести дека акциите ќе продолжат.

„Ако ги целите Американците - било каде во светот - ќе го поминете остатокот од вашиот краток, вознемирувачки живот знаејќи дека САД ќе ве бараат, ќе ве најдат и безмилосно ќе ве убијат“, предупреди тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека нападите биле „многу сериозна одмазда“ и исполнување на неговото ветување за одговор.

„Напаѓаме многу силно врз упориштата на ИСИС (ДЕАШ) во Сирија“, напиша тој на својата платформа „Truth Social“, осврнувајќи се на Сирија како „место натопено во крв кое има многу проблеми, но кое има светла иднина ако ИСИС (ДЕАШ) може да се искорени“.

Тој истакна дека претходно оваа недела ги пречекал останките од паднатите Американци на „многу достоинствена церемонија“.

Трамп рече дека сириската влада „целосно ја поддржува“ операцијата и се осврна на лидерот на Сирија како „човек кој работи многу напорно за да ја врати големината на Сирија“.

„Сите терористи кои се доволно зли за да ги нападнат Американците со ова се предупредуваат – ќе бидете нападнати посилно од кога и да е претходно доколку, на кој било начин, ги нападнете или им се заканувате на САД“, додаде тој.

Точната локација, бројот на жртви или други оперативни детали од американскиот напад не се откриени.

Во смртоносниот напад претходно овој месец од страна на припадници на терористичката организација ДЕАШ во централна Сирија загинаа двајца американски војници и еден цивил.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın