Handan Kazancı
27 Јули 2023•Ажурирај: 28 Јули 2023
САН ФРАНЦИСКО (АА) – „Круз“, компанија за самоуправувачки автомобили во сопственост на „Џенерал Моторс“, лансираше околу 240 возила со робот такси-услуги во американскиот град Сан Франциско, Калифорнија, јавува Анадолу.
Апликацијата се смета за прв чекор кон поширокото комерцијално користење на долго ветуваната автономна алтернатива на услугите слични на оние на „Убер“ или „Лифт“.
Засега транспортот без возач е достапен за јавноста само во ноќните часови и во одредени делови од градот, но во иднина се планира да се рашири низ Сан Франциско.
Робот-таксито без возач, „Круз“, може да се види низ улиците на Сан Франциско во ноќните часови.