свет

САД: Русија и Иран имаат намера да влијаат на изборите во ноември

„Нема да толерираме странско мешање во нашите избори или каква било криминална активност која ја загрозува неприкосновеноста на вашиот глас или ја нарушува довербата на јавноста во исходот на изборите“

Servet Günerigök  | 22.10.2020 - Обновена : 23.10.2020
САД: Русија и Иран имаат намера да влијаат на изборите во ноември

ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американскки Држави (САД) соопштија дека Русија и Иран се обидуваат да влијаат на претседателските избори закажани за 3 ноември, и го обвинија го Иран за испраќање имејл со фалсификувана адреса на испраќач за да му наштетат на претседателот Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Би сакале да ја предупредиме јавноста дека идентификувавме како Иран и Русија имаат преземено конкретни дејствија за да влијаат на јавното мислење во врска со нашите избори“, рече директорот на Националното разузнавање, Џон Ратклиф за време на заедничкиот брифинг со новинарите со директорот на ФБИ, Кристофер Реј.

Ратклиф истакна дека Русија и Иран одделно добиле одредени информации за регистрација на гласачи кои, како што рече, може да ги искористат за да им упатуваат лажни информации на гласачите преку кои сакаат „да предизвикаат конфузија и да ја поткопаат вашата доверба во американската демократија“.

„Веќе видовме дека Иран испраќа лажни имејлови со цел заплашување на гласачите, поттикнување социјални немири и нанесување штета на претседателот Трамп“, рече тој. „Можеби, во изминатите 24 часа сте виделе известување за ова или пак можеби сте и еден од примателите на тие имејлови.“

Тој го обвини Иран и за „дистрибуирање на друга содржина меѓу која и видео дека поединци може да пуштаат лажни гласачки ливчиња, дури и од странство“.

„Ова видео и какви било други тврдења за такви, наводно лажни гласачки ливчиња, не се точни“, рече Ратклиф.

Кристофер Реј, пак, истакна дека постои координација со приватниот сектор и дека американската изборна инфраструктура е силна против какво било мешање.

„Нема да толерираме странско мешање во нашите избори или каква било криминална активност која ја загрозува неприкосновеноста на вашиот глас или ја нарушува довербата на јавноста во исходот на изборите“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.