свет

САД: Режимот на Асад изведе нови хемиски напади на северозападот на Сирија

Гласноговорникот на Стејт Депарментот Морган Ортагус изјави дека постојат знаци дека режимот на Асад повторно употребува хемиско оружје, вклучувајќи ги и нападите со хлор на северозападот на Сирија

Umar Farooq  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
САД: Режимот на Асад изведе нови хемиски напади на северозападот на Сирија

ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот Стејт Департмент соопшти дека режимот на Башар ал-Асад изведе нови хемиски напади на северозападот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA)

„За жал, и понатаму гледаме знаци дека режимот на Асад на 19 мај во утринските часови, повторно употреби хемиско оружје, вклучувајќи и напади со хлор во северозападот на Сирија", истакна гласноговорничката на Стејт Департментот Морган Ортагус во соопштение.

„Соединетите Американски Држави и понатаму внимателно ги следат воените операции на режимот на Асад на северозападот на Сирија, вклучувајќи и индикации за било каква употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим", рече Ортагус.

Нејзината изјава доаѓа во моменти додека сирискиот режим изведува нова офанзива на северозападот на Сирија, а САД предупредуваат дека тоа би била „непромислена ескалација" која би можела да го дестабилизира целиот регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.