Ekipa
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Демонстрантите на „Маршот за вистината“ организиран во околу 140 градови во САД, побараа покренување на независна истрага за тоа дали Русија е поврзана со претседателските избори одржани минатата година во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрациите се организирани во 40 американски држави, како и во 140 градови, меѓу кои и во Њујорк, Сан Диего, Колорадо Спрингс, Болдер, Сиетл, Лос Анџелес, Чикаго и во Вашингтон.
Демонстрантите побараа истрага за наводите дека лицата кои биле вклучени во кампањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, биле поврзани со Русија, како и одговор на прашањето дали земјата била вклучена во претседателските избори што се одржаа минатата година во САД.
На протестот во Њујорк и во Вашингтон присуствуваа стотици луѓе, а меѓу демонстрантите во Вашингтон имаше и политички претставници, соработници на поранешниот американски претседател Барак Обама, како и други познати личности.
Покрај тоа, во Вашингтон се организираа протести за поддршка на Трамп, кога станува збор за повлекувањето на САД од Парискиот договор за климатските промени.
Стотина републиканци извикуваа слогани со поддршка за отстапувањето на САД од горенаведениот договор.
Од друга страна, еколошките организации за заштита на околината раководат со подготвување демонстрации против Трамп кој реши да го напушти Парискиот договор.