свет

САД прогласија неколку ограноци на Муслиманско братство за терористички организации

„САД ќе ги искористат сите расположиви алатки за да ги лишат овие ограноци на Муслиманското братство од ресурсите за вклучување во или како поддршка на тероризмот“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 14.01.2026 - Обновена : 14.01.2026
САД прогласија неколку ограноци на Муслиманско братство за терористички организации

ХАМИЛТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) денес прогласија неколку ограноци на Муслиманско братство како терористички организации, како дел од агендата за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, јавува Анадолу.

„Денес, како прв чекор во поддршка на посветеноста на претседателот Трамп за елиминирање на можностите и работењето на ограноците на Муслиманско братство што претставуваат закана за САД, како што е опишано во Извршната наредба 14362, САД ги прогласуваат за терористички либанските, јорданските и египетските ограноци на Муслиманско братство“, објави државниот секретар Марко Рубио во соопштение.

Рубио рече: „Стејт департментот го прогласува Либанското муслиманско братство како странска терористичка организација и Специјално означен глобален терорист (SDGT), и водачот на групата Мухамед Фавзи Такош, како СДГТ.“

Тврдејќи дека „Министерството за финансии ги прогласува Египетското муслиманско братство и Јорданското муслиманско братство како СДГТ поради обезбедување материјална поддршка на Хамас“, Рубио истакна дека потегот ги одразува „почетните акции на тековните, одржливи напори за спречување на поглавјата на насилство и дестабилизација предизвикани од ограноците на Муслиманското братство.“

„САД ќе ги искористат сите расположиви алатки за да ги лишат овие ограноци на Муслиманското братство од ресурсите за вклучување во или како поддршка на тероризмот“, додаде тој.

Министерството за финансии во посебна изјава наведе дека потегот е насочен кон групата за поддршка на „милитантните“ организации во регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.