Beyza Binnur Dönmez
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот Сенат ја распушти расправата за Електорскиот колеџ откако група приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп влезе во зградата на Капитол, приморајќи ја полицијата на преземање дополнителни мерки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите ги разбија стаклата на прозорците од зградата во која се ноаѓа Конгресот обидувајќи се да влезат, покажува видеоснимката која ја објави репортерката на „The National News“ Џоис Карам.
„National Public Radio” јави дека потпретседателот Мајк Пенс го напуштил Сенатот, цитирајќи извори од Капитол Хил.
Градоначалничката на Вашингтон Муриел Бовсер прогласи полициски час кој стапува на сила во 18 часот по локално време.
Инцидентот се случи час откако Пенс соопшти дека го отфрлил барањето на Трамп за мешање во броењето на гласовите на Електорскиот колеџ. Станува збор за состанок про фома на кој требаше да бидат потврдени резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември 2020 година, на кои победи Џо Бајден.
Пенс во писмото на Конгресот наведе дека то не може да преземе едностран авторитет во одлучувањето за наредниот прв човек на Америка, но вети дека ќе ги сослуша жалбите
„Мајк Пенс немаше храброст да го направи она што беше потребно за заштита на нашата земја и Уставот, со што на сојузните држави им е дадена шанса да потврдат низа исправени факти, а не оние лажни или неточни за кои претходно се бараше да се потврдат", напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер, наведувајќи дека САД бараат вистина.
Покрај тоа, ги повика демонстрантите да останат мирни и да ги поддржат безбедносните сили.
„Ве молам поддржете ја нашата полиција на Капитол и спроведување на законот", рече Трамп наведувајќи дека тие се вистинската сила на нивната држата и уште еднаш ги повика да останат мирни.
Исто така, „Си-Ен-Ен" (CNN) објави дека еден од демонстрантите стасал до просторијата во која се наоѓа Сенатот.