Hakan Çopur
14 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Претставничкиот дом во Соединетите Американски Држави (САД) изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп, кој е обвинет за „поттикнување на демонстрантите на насилство" во текот на нередите и упадот на неговите приврзаници во Конгресот на 6 јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демократите во американскиот Конгрес презедоа важен чекор против Трамп, кој го обвинија за „поттикнување на бунт" и го отповикаа во Претставничкиот дом на седум дена пред крајот на неговиот мандат.
По долгата расправа во Пратставничкиот дом прифатена е клаузулата за отповикување со 232 гласа „за" и 197 гласа против. За отповикување на Трамп гласаа и 10 републикански пратеници.
Со ова, Трамп, 45. претседател на САД, забележан е како прв претседател во историјата на земјата против кого два пати е покренато отповикување.
Она што сега претстои е одлуката на Сенатот, горниот дом на Конгресот, каде за смена на претседателот е потребно двотретинско мнозинство на сенаторите. Уште не е познато кога тоа ќе се случи, претходно е соопштено дека не е планирано заседавање на Сенатот на оваа тема пред 19 јануари.
За да Сенатот го отповика Трамп, потребно е од вкупно 100 сенатори, 67 да гласаат „за".
Според извештаите во американските медиуми, значителен дел од републиканците во Сенатот размислуваат за гласањето дека „Трамп не е виновен".
Претставничкиот дом на Конгресот ја изгласа резолуцијата со која американскиот потпретседател Мајк Пенс се повикува да го активира 25. амандман на Уставот и да го разреши од должност американскиот претседател Доналд Трамп. Пенс одговори дека нема намера тоа да го направи.
Трамп во декември 2019 година е повикан на одговорност поради наводни закани кон Украина, што вклучува прекин на американската помош, доколку украинскиот претседател Владимир Зеленски не покрене истрага против Џо Бајден, поранешниот потпретседател на САД и новоизбраниот претседател на САД.