Diyar Güldoğan
08 Февруари 2025•Ажурирај: 09 Февруари 2025
Стејт департментот на САД одобри потенцијална воена продажба на Израел во вредност од 7,41 милијарди долари, објави во петокот Пентагон, јавува Анадолу.
Стејт департментот одобри продажба на муниција, комплети за наведување, осигурувачи и поддршка за муниција, заедно со придружната опрема, проценета на вредност од 6,75 милијарди долари“, се вели во соопштението на Агенцијата за безбедносна и одбранбена соработка.
Освен тоа, донесе е одлука со која се одобрува можната продажба на ракетите AGM-114 Hellfire и придружната опрема во вредност од 660 милиони долари.
Агенцијата ја поднесе потребната потврда во петокот со која го извести Конгресот за овие потенцијални продажби.
„САД се посветени на безбедноста на Израел и од витално значење за американските национални интереси е да му помогнат на Израел да развие и одржи силна и подготвена способност за самоодбрана“, додадоа од агенцијата.