Servet Günerigök
29 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во првата половина на 2021 година во сообраќајни несреќи животот го изгубиле 20.160 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ова претставува зголемување од околу 18,4 отсто во споредба со 17.020 смртни случаи во првата половина на 2020 година“, се вели во извештајот на Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Оваа бројка исто така претставува најголем број смртни случаи во првата половина од годината уште од 2006 година.
„Ова е криза, не треба да ги прифаќаме овие смртни случаи како дел од секојдневниот живот во Америка“, рече министерот за транспорт, Пит Бутиџиџ.
Бутиџиџ рече дека одделот ќе ја изработи својата прва Национална стратегија за безбедност на патиштата која ќе ги идентификува чекорите кои треба да се преземат за да се спасат животи на патиштата.
„Никој ова нема да го постигне сам. Ќе бидат потребни сите нивоа на власт, индустрии, застапници, инженери и заедници низ земјата да работат заедно до денот кога членовите на семејството повеќе нема да мора да се збогуваат со најблиските поради сообраќајна несреќа“, додаде тој.