Sinan Doğan
29 Октомври 2021•Ажурирај: 30 Октомври 2021
БОГОТА
Во југоисточно Мексико уште еден новинар е убиен со оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во мексиканските медиуми, Фреди Лопез Аревало, кој работел како новинар во локален весник, бил нападнат со пиштол додека излегувал од своето возило во градот Тукстла Гутиерез, државата Чиапас.
Аревало починал во болница каде што бил пренесен со тешки повреди.
Надлежните истакнаа дека новинарот бил застрелан од лице на мотоцикл. Напаѓачот побегнал од местото на настанот.
Започната е истрага за нападот.
Од 2000 година досега бројот на убиени новинари во Мексико надмина 130.