Michael Gabriel Hernandez
24 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Жена бегалец која САД ја обвинуваат дека се сокривала во кинескиот конзулат во Сан Франциско е уапсена и одведена во притвор, се наведува во повеќе медиумски извештаи објавени денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жената која по националност е Кинезинка со име Хуан Танг, се очекува да се појави на суд вечерва, се наведува во медиумските извештаи, кои се повикуваат на анонимен службеник на Министерството за правда на САД.
Министерството за правда сè уште не даде коментар по ова прашање. Министерството вчера го обвини кинескиот конзулат во Сан Франциско дека ја сокрава Хуан Танг, тврдејќи дека таа е прикриена членка на Ослободителната војска на Пекинг (PLA).
Танг останала во дипломатската зграда откако на 20 јуни била испрашувана од ФБИ под сомнение за измама со визи, соопшти американското Министерството за правда.
Танг, наводно, одговорила „не“ на прашањето во нејзината апликација за виза за тоа дали некогаш работела во војската, но е обвинета дека е униформирана офицерка на воздухопловството на PLA.
Според кривичната пријава, ФБИ најде фотографија од неа во воена униформа и референци за нејзиното вработување во Воено-медицинскиот универзитет на военото воздухопловство.
ФБИ има пронајдено нејзина фотографија во воена униформа меѓу електронските документи кога е извршен налог за претрес.