Kasım İleri
25 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Американското Министерство за одбрана (Пентагон) испрати дополнителни војници во Сирија, за да го поддржи процесот на повлекување од оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја потврдувам информацијата дека САД испратија дополнителни војници во Сирија за да ја заштитат опремата и силите во регионот во текот на процесот на повлекување“, изјави за АА официјален претставник на Министерството за одбрана, кој сакаше да остане анонимен.
Овој претставник, поради безбедноста на операцијата, се воздржа да даде детали околу бројката на дополнителните војници и позицијата на војниците.
Воен претставник кој, исто така, сакаше да остане анонимен, нагласи дека за да се осигура безбедноста во секој процес на повлекување, пред да се намали бројката на војници таа се зголемува.
Пентагон избегнува да даде официјална изјава во однос на темата, додека портпаролот на Пентагон, мајор Шон Робертсон, рече: „Операцијата природна одлучност, ќе ја следи координацијата поставена од Владата на САД, за регуларно повлекување на американските сили од севереоисточниот дел на Сирија. Во тој процес бројот на војниците ќе биде променлив. Поради оперативни безбедносни загрижености нема да зборуваме за специфичните воени пратки и за календарот на операцијата.“
Портпаролот наведе дека повлекувањето ќе биде во координација со американските сојузници и партнери, во согласност со теренските услови. Тој, исто така, рече дека процесот нема да биде ограничен со произволен календар.
Пентагон вели дека според официјалните податоци САД во Сирија имаат 2 илјади војници, но исто така се истакнува дека има и војници за кои бројката не е позната. Тие поради привремени обврски влегуваат и излегуваат од земјата.