свет

САД изразија поддршка за дијалогот меѓу Турција и Грција

- Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денес за време на неговата дводневна посета на Грција изјави дека Вашингтон силно го поддржува дијалогот меѓу НАТО-сојузниците, Турција и Грција

Rabia İclal Turan  | 29.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
САД изразија поддршка за дијалогот меѓу Турција и Грција

АНКАРА

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денес за време на неговата дводневна посета на Грција изјави дека Вашингтон силно го поддржува дијалогот меѓу НАТО-сојузниците, Турција и Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи на прес-конференцијата со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во заливот Суда, поморската американска база на островот Крит, Помпео ги охрабри двете земји да ги продолжат преговорите што е можно побрзо.

„Зборував со генералниот секретар [Столтенберг] пред само два дена за напредокот во НАТО“, рече Помпео, и додаде: „И се надеваме дека овие разговори можат да продолжат на сериозен начин.“

„САД, исто така, длабоко веруваат дека развојот на Источен Медитеран треба да промовира соработка и да обезбеди основа за трајна енергетска безбедност и економски просперитет на целиот регион“, додаде тој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.