свет

САД и ЈПГ/ПКК распоредија илјадници вооружени елементи на ирачката граница

САД и терористичката организација ЈПГ/ПКК формираат гранични сили од платена војска составена од илјадници арапски елементи на сириско-ирачката граница, но постои љубопитност какви се нивните планови за границата со Турција.

Mohamad Misto, Ömer Koparan, Ethem Emre Özcan, Kasım İleri  | 27.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
САД и ЈПГ/ПКК распоредија илјадници вооружени елементи на ирачката граница

ХАСЕКА/АНКАРА (АА)

- Мохамад МИСТО / Омер КОПАРАН


Соединетите Американски Држави (САД) и терористичката организација ЈПГ/ПКК формираат гранични сили од платена војска составена од илјадници арапски елементи на сириско-ирачката граница, но постои љубопитност какви се нивните планови за границата со Турција.

Командата на централните сили на САД (CENTCOM) кон крајот на 2017 година почна да ги спроведува своите планови за формирање единици за гранична стража во Сирија со образложение за „спречување на заживување на ДЕАШ“. Но, планот не можеше да се спроведе поради дипломатските и воените притисоци на Турција.

Турските операции „Маслинова гранка“ во јануари 2018 година и „Извор на мирот“ во октомври 2019 година ги нарушија плановите на Американската армија.


- Задолжителен воен рок

Според информациите до кои дојде Агенција Анадолија (АА) преку теренско истражување, во март, на барање на САД, ЈПГ/ПКК, користејќи го името СДГ, започна нов процес на преструктуирање на истокот од реката Еуфрат, кој ќе опфати мал број курдски елементи, а поголемиот дел ќе го сочинуваат Арапи.

Организацијата приведе многу Арапи под името „регрутација“. Тоа предизвика реакции во Мунбиџ и Рака во јуни. ЈПГ/ПКК пукајќи врз цивилите беше причина за смртни случаи. По ескалирањето на настаните, организацијата направи чекор назад и ја прекина таа практика.


- Започна доаѓање на американски пари

Соединетите Американски Држави тргнаа од две одделни гранки за структурирање на ирачката граница. Граничната линија ја дизајнираа земајќи ги предвид административните граници на провинциите Хасека и Деир ез-Зор.

САД, линијата кај Хасека ја даде на групата Сенадид, од племето Карба кое кое е огранок на организацијата, а линијата кај Деир ез-Зор ја зеде племето Шамар.

Во средината на јули, терористот Ферхат Абди Шахин, кого американските команданти го нарекоа „генерален командант на СДФ“, оствари средба со Јавер Дехам, еден од офицерите на групата Сенадид, во подрачјето на Румејлан во Хасека.

За време на средбата било разговарано илјадници луѓе да бидат регрутирани, да бидат распоредени на сириско-ирачката граница и да добиваат плата.

Во средината на август, во регионите Тел Ало и Јарубије во Хасека започна регрутација за граничните сили.

САД со племето Шамар се договорија за граничната линија што се совпаѓа со територијата на Деир ез-Зор.

На чело на оваа организација дојде Рафи Харан од племето Шамар кој собра илјадници луѓе.


- Се распоредуваат под името Гарда на Ал Џезира

Месечната плата на регрутираните лице изнесува 820.000 сириски лири (230 долари).

Прифатени се 7.000 барања за влез во структурата формирана под капата на СДГ, која ЈПГ/ПКК ја користи како маска.

Новата вооружена група е наречена „Гарда на Ал Џезира“.

По околу две недели забрзана вооружена обука, во првата етапа пред околу три недели илјадници Арапи се распоредени на сириската граница со Ирак.

Американските команданти и членовите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да спроведуваат истраги во Деир ез-Зор заедно со Харан за точки каде што можат да се распоредат нови елементи.

Распоредувањата се извршени во силосите на Тел Ало во областа Јарубије, на една безбедносна точка на 200 метри од јужната граница на градот и во селата Хуза, Селим и Искендерун.


- Во првите планови на САД предвидена беше и граница со Турција

Американската војска го финансира и поддржува распоредувањето илјадници арапски борци за зајакнување на присуството на ЈПГ/ПКК на границата со Ирак. Сѐ уште не се знае дали таа спроведува сличен план и за турската граница.

На 14 јануари 2018 година, Меѓународната коалиција против ДЕАШ соопшти дека е формира гранична стража со повеќе Курди во северна Сирија и со повеќе Арапи на границата со Ирак.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во својот говор на 15 јануари за најавената нова структура рече: „Америка призна дека формирала терористичка армија долж границите на нашата земја. Наша задача е да ја уништиме оваа терористичка армија уште пред да се роди.“

По пет дена започна операцијата „Маслинова гранка“.


- Американските власти молчат

Агенција Анадолија (АА) испрати прашања до Пентагон и портпаролот на коалицијата дали САД имаат план да го зголемат бројот на елементите на ЈПГ/ПКК на турската граница откако САД почнаа да го спроведуваат својот план за распоредување единици на ЈПГ/ПКК на границата со Ирак.

Двете институции не одговорија на прашањата на АА.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.