Umar Farooq
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американските федерални власти соопштија дека заплениле 16,5 тони кокаин, вреден повеќе од милијарда долари, на брод во сојузната држава Филаделфија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Членовите на екипажот се приведени и против нив е подигнато обвинение, додека истрагата е во тек“, се вели во соопштението.
Безбедносните сили во понеделникот влегле на товарниот брод и го откриле кокаинот сместен во контејнери.
Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за една од најголемите заплени во американската историја.
Вилијам Мексвејн, американски сојузен обвинител, изјави дека наведеното количество дрога можело да убие милиони луѓе.
Американските цариници во март оваа година на пристаниште во Њујорк заплениja пратка кокаин чија вредност на црниот пазар беше проценета на 77 милиони долари.