Hakan Çopur
26 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, истакна дека неговата земја го поздравува ратификувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот министер Помпео објави писмено соопштение во врска со оваа тема.
Помпео нагласи дека го поздравуваат ратификувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, и дека веќе е отворен патот на Македонија која го промени името во Република Северна Македонија, кон членството во НАТО и ЕУ.
Пратениците во грчкиот парламент гласаа вчера за Преспанскиот договор кој предвидува менување на името на Македонија во „Република Северна Македонија“.
Во грчкиот Парламент има 300 пратеници, од нив 153 пратеници гласаа „за“, 146 гласаа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.
Овој Договор од грчкиот парламент помина со гласовите на сите 145 пратеници на владејачката „Сириза“ и со поддршка на осум пратеници од другите партии.
Со ратификување на договорот во грчката страна, и двете земји ги исполнија своите обврски, со што се отвора патот на Македонија со името „Република Северна Македонија“ официјално да стане 30-та членка на НАТО.
Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција.