Dildar Baykan Atalay
13 Август 2023•Ажурирај: 13 Август 2023
Властите во САД вратија повеќе од 250 рачно изработени артефакти украдени од Италија, што беа продадени на музеи и колекционери низ САД во 1990-тите, пренесува Анадолу.
Според веста на „Би-би-си“, некои од антиквитетите како што се садови, слики и скулптури вратени во Италија се стари и до 3.000 години.
Некои од мозаиците меѓу овие дела, се проценети на неколку милиони евра.
Станува збор за артефакти што беа украдени во Италија во 1990-тите и продадени на музеи и колекционери во САД преку аукции.