Sümeyye Dilara Dinçer
05 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) - Во престрелка во американскиот град Филаделфија во сојузната држава Пенсилванија животот го загубија 3 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на полицијата соопштија дека синоќа е пукано врз луѓе кои се наоѓале во Јужната улица, една од најпознатите и најпрометните улици во Филаделфија.
Во нападот животот го загубија 3 лица, а најмалку 11 се повредени.
Полицијата пукала кон напаѓачот при интервенцијата, но напаѓачот го оставил оружјето и избегал.
Официјалните лица на социјалната мрежа Твитер ги известија граѓаните дека не треба да се приближуваат на местото на настанот, додавајќи дека има голем број повредени.