Gorana Jakovljevic
05 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
САРАЕВО (АА) - Низ светот денес се одбележува Светскиот ден на заштита на животната средина, известува Агенција Анадолија (АА).
Секоја година 5 јуни се одбележува со цел да се укаже на значењето на природата и на издигнување на свеста за нејзина заштита.
Оваа година Светскиот ден на заштита на животната средина се одбележува со темата „Само една Земја“, која беше тема и на првото одбележување во 1973 година.

Негативното влијание на луѓето врза животната средина најубаво го покажуваат фотографиите и видеозаписите на отпадот од бројните светски градови. И покрај сите напори на еколозите, мал дел од отпадот се рециклира, поради што се создаваат огромни депонии, особено во исклучително густо населените подрачја во светот.
Екипата на АА ги забележа тие ситуации во Њу Делхи во Индија, Гојас во Бразил, Исламабад во Пакистан и Читагонг во Бангладеш, иако вакви фотографии не се реткост ниту во другите градови и држави.
На депониите често избувнуваат пожари поради создавањето запалив метан, што дополнително ја загадува животната средина, влијаејќи на здравјето на луѓето и животните, а сето тоа предизвикува климатски промени.
