Canberk Yüksel
26 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Американската сојузна држава Висконсин наскоро ќе пребројува милиони гласови од претседателските избори откако поранешниот претседателски кандидат на Зелената партија потполни петиција во последен момент, осврнувајќи се на тоа дека се работи за измама, јавува Anadolu Agency (AA).
Петицијата потпишана во последен миг е прва од ветените три петиции која ја потполни Џил Стејн, со цел да ги оспори резултатите од изборите. Другите две петиции се во Пенсилванија и Мичиген.
Пребројувањето на гласовите ќе започне наредната недела, а партијата има добиено милиони долари во донации за помош на процесот.
Избраниот претседател Доналд Трамп доби 1.404.000 гласови во Висконсин, додека Хилари Клинтон 1.381.823. Џил Стејн обезбеди 31.006 гласови.
Таа има рок до следната недела да ги потполни петициите и во другите две држави.