Hakan Çopur
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Десет лица смртно настрадаа во авионската несреќа што се случи во американската сојузна држава Тексас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Федералната администрација за авијација на Соединетите Американски Држави (FAA), несреќата се случила околу 9 часот по локално време на аеродром во подрачјето на Адисон.
Се вели дека приватниот авион ја загубил контролата при полетување и удрил во хангар, кој потоа се запалил.
Во несреќата животот го загубиле 10 лица.
Федералната администрација за авијација на САД (FAA) не даде изјава во врска со причините за несреќата.