Islam Doğru
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 322 лица заразени со новиот тип на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во САД секојдневно расте бројот на заразени и починати од Ковид-19.
Последните податоци кои ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“, покажуваат дека во последните 24 часа се потврдени 18.369 нови случаи на заразување, со што бројот на заразени е зголемен на 143.055. Воедно во истиот период починаа 322 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 2.513.
По САД следува Италија, со потврдени 97.689 случаи на заразување и Шпанија со 85.195 потврдени случаи.
Пандемијата на коронавирус, кога станува збор за САД, најмногу ги погоди Њујорк и Њу Џерси.
Во Њујорк до вчера беа регистрирани 53.520 лица заразени од Ковид-19, а веќе денес бројката се искачи на 59.746. Следуваат Њу Џерси со 13.386 и Калифорнија со 6.345 случаи.
Во Њујорк во последните 24 часа бројот на починати е зголемен од 834 на 966 лица, а следуваат Вашингтон со 204 и Њу Џерси со 161.