свет, Коронавирус

Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 1.415

- Бројот на починати од новиот тип на коронавирус во Велика Британија се искачи на 1.415 лица, при што во последните 24 часа се забележани 180 нови смртни слуачи, објавија британските здравствени власти денес

Ahmet Gürhan Kartal  | 30.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 1.415

ЛОНДОН

Бројот на починати од новиот тип на коронавирус во Велика Британија се искачи на 1.415 лица, при што во последните 24 часа се забележани 180 нови смртни слуачи, објавија британските здравствени власти денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во Велика Британија, во некои индикатори можеме да забележиме некои рани знаци на забавување“, изјави за Би-би-си Радио 4, Неил Фергусон, епидемиолог на колеџот Империјал во Лондон. 

Тој рече дека има забавување и во бројката на смртни случаи откако се преземени мерките против Ковид-19, како и бројот на хоспитализирани лица.

Принцот од Велс, Чарлс е надвор од самоизолација, изјави неговиот портпарол.

71-годишниот наследник на тронот минатата недела објави дека се тестирал и дека е позитивен на вирусот.

Неговата сопрува, Камила, Војвотката од Корнвел (72) исто така се тестираше и е негативна на вирусот. Таа се наоѓа во 14 дневна самоизолација, која што треба да трае до крајот на оваа недела.

Влијанието на епидемијата на коронавирусот сѐ уште се чувствува во В. Британија.

Главниот советник на британскиот премиер Борис Џонсон, Доминик Камингс (48) во текот на викендот разви симптоми на коронавирус и се наоѓа во самоизолација.

Ендру Годард, шефот на Кралскиот колеџ за лекари, рече дека околу една четвртина од лекарите што работат надвор, се заразени со коронавирус, се наоѓаат во самоизолација бидејќи член на семејството или личноста со која живеат е заразена.

„Во моментов, повеќе лекари се самоизолираат со членовите на семејството, иако има и некои болни“, рече тој.

„Ова навистина влијае многу во одделите за итни случаи, а Лондон е во многу полоша позиција од било кое друго место во моментот“.

Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 177 земји и региони низ светот. Од последиците предизвикани од овој вирус во светот починаа вкупно 35.019 лица, а детектирани се над 750.000 случаи на заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.