свет

САД: Бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 2.191 лице

Според последните податоци објавени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени лица со коронавирус во земјата со раст од 19.826 се зголеми на 124.686 лица, додека бројот на починати со раст од 480 се искачи на 2.191 лице

Safvan Allahverdi  | 29.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
САД: Бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 2.191 лице

ВАШИНГТОН (АА) - Во САД во последните 24 часа починаа уште 480 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 2.191 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во САД кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.

Според последните податоци објавени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени лица со коронавирус во земјата со раст од 19.826 се зголеми на 124.686 лица, додека бројот на починати со раст од 480 се искачи на 2.191 лице.

Првите 1.000 лица починаа во период од еден месец, додека оваа бројка се зголеми за двапати само во последните два дена, што предизвика голема загриженост. Експертите велат дека оваа состојба ќе се влошува уште повеќе.

Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Италија, со 92.472 случаи и Кина, со 82.120 случаи.

Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 53.520 случаи и 834 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (11.124 случаи) и Калифорнија (5.648 случаи).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın