Emel Gözellik
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
АНКАРА
Педесет организации и компании се сериозно погодени од кибернапад во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), Кевин Мандија, извршниот директор на американската фирма за кибербезбедност „ФајрАј“ („FireEye“), изјави дека овој малициозен код е пронајден во мрежата на околу 18.000 организации.
Посочувајќи дека од овој кибернапад „сериозно се погодени“ 50 организации, Мандија предупреди дека во периодот што следува можно е да се организираат повеќе кибернапади.
„Ако не сториме ништо, овие напади ќе се зголемат уште повеќе“, рече Мандија.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е можно Кина да стои зад кибернападите врз многу институции во земјата.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во радиоемисија рече дека можат отворено да кажат дека „сосема е јасно“ дека зад кибернападите врз САД стои Русија.
Минатиот викенд беа извршени кибернапади врз министерствата за финансии, трговија и внатрешна безбедност на САД и некои владини организации, по што се тврдеше дека зад овие напади стои руската администрација.