Emre Gürkan Abay
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека се набљудува италијанската фрегата „Вирџинио Фасан“, која влезе во Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на руското Министерство за одбрана се наведува дека фрегатата на Италијанската морнарица влегла во Црното Море денеска.
Се нагласува дека Руската морнарица во Црното Море ги следи маневрите што ќе ги прави фрегатата „Вирџинио Фасан“.
Од друга страна, Министерството за одбрана на Украина издаде соопштение во врска со заедничката украинско-американска воена вежба „Sea Breeze-2021“ во Црното Море.
Се наведува дека украинските војници се обучуваат со грузиски, молдавски и американски маринци. „Во тактичката обука која ќе се реализира во три фази, војниците работеа на вежби за опсада, заседа и заземање на критични воени точки.“
Заедничката украинско-американска воена вежба „Sea Breeze-2021“ во Црното Море започна на 28 јуни.
Во вежбата учествуваат 30 земји членки на НАТО. Во вежбата која ќе продолжи до 10 јули, покрај 5 илјади војници, учествуваат 32 брода, 40 авиони и 18 групи на специјалните единици.
Вежбата се одржува од 1997 година.