Dmitri Chirciu
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков соопшти дека во Украина се уништени 2.396 воени инфраструктурни објекти, известува Агенција Анадолија (АА).
Како што рече, окупирале десет населени места во Украина.
„Окупирани се населбите Смолјаниново, Воеводивка, Кремина, Кудрјашивка, Боровенки, Пурдивка и Замуливка. Постигнат е напредок од шест километри“, рече Конашенков.
Напоменувајќи дека се окупирани и населбите Азов, Новотаривка и Мирна, портпаролот Конашенков информираше дека воените сили продолжиле да напредуваат кон градот Мариупол.
„Од почетокот на операцијата, уништени се 2.396 воени објекти во Украина“, рече Конашенков.
Истакнувајќи дека денеска во 10 часот по московско време е објавен привремен прекин на огнот со цел да се евакуираат цивилите од украинските градови Киев, Мариупол, Харков и Суми, Конашенков соопшти дека се отворени шест коридори за хуманитарна помош.
Конашенков изјави дека руската армија ќе ја контролира областа со беспилотни летала за време на евакуацијата.