Emre Gürkan Abay
05 Јануари 2023•Ажурирај: 06 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, повика на прекин на огнот во Украина за време на православниот Божиќ на 6 и 7 јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Патријархот Кирил во пишана изјава повика на прекин на огнот во Украина за време на православниот Божиќ.
Наведе дека примирјето треба да се спроведе од 6 јануари напладне до 7 јануари вечерта, за православните христијани да можат да присуствуваат на свеченостите во црквите.