Hamdi Yıldız
05 Јануари 2023•Ажурирај: 06 Јануари 2023
ЗАПАДЕН БРЕГ (АА) - Израелските војници убија 16-годишно палестинско момче во градот Наблус кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската државна телевизија, Палестинецот Амир Ебу Зејтун (16) го загубил својот живот откако бил застрелан во глава како резултат на отворениот оган за време на рацијата реализирана синоќа од страна на окупаторските сили во бегалскиот камп „Балата“ во градот Наблус.
Повредени се и двајца Палестинци во оружениот судир кој се случи меѓу израелските сили кои сакале да опколат една куќа во рамки на рацијата во бегалскиот камп „Балата“ и Палестинците кои сакале да го спречат тоа.
За време на рацијата, израелската војска употреби вистински и гумени куршуми, како и солзавец и шок-бомби.
Израелската војска сѐ уште не излезе со некое соопштение во врска со овие случувања.
Од почетокот на оваа година, четворица млади Палестинци го загубија својот живот како резултат на отворениот оган за време на рациите кои израелските војници ги извршија во различни зони на Западниот Брег.