свет, образование

Германската асоцијација на наставници бара имигрантски квоти во училиштата

„Имаме проблем со интеграцијата во Германија“, изјави претседателот на Асоцијацијата

Ekipa  | 05.01.2023 - Обновена : 06.01.2023
Германската асоцијација на наставници бара имигрантски квоти во училиштата Фото: АА/Илустрација

ЖЕНЕВА (АА) – Претседателот на Германската асоцијација на наставници, Хајнц-Петер Мајдингер, повика на воведување квоти за ученици со имигрантско потекло во германските училишта, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Имаме проблем со интеграцијата во Германија“, изјави Мајдингер за германскиот весник „Билд“ (Bild).

„Со цел интеграцијата да биде успешна, мора да се воведат задолжителна предучилишна поддршка, тестови за познавање на јазикот на национално ниво и миграциски квоти“, рече Мајдингер.

Тој, исто така, посочи дека интеграцијата нема да биде успешна ако, на пример, 95 отсто од учениците во училиштата не се Германци.

Според Мајдингер, „доколку во едно одделение 35 проценти од децата се со имигрантско потекло, перформансите несразмерно опаѓаат“. Сепак, Мајдингер не објасни како дошол до овој процент.

Дефиницијата на терминот „имигрантско потекло“ во Германија не е јасна. Најчесто се смета дека тоа значи лице чиј барем еден родител не е роден со германско државјанство.

Според членот 3 од германскиот Устав, никој во државата не смее да биде дискриминиран или со повластен третман поради, меѓу останатото, „неговото потекло, раса, јазик, татковина, вера, религиозни или политички гледишта“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.