свет

Рускиот опозициски лидер Навални отпуштен од болница

Докторите велат дека долгорочните последици од тешкото труење може да се проценат само подоцна

Cüneyt Karadağ  | 23.09.2020 - Обновена : 25.09.2020
Рускиот опозициски лидер Навални отпуштен од болница

БЕРЛИН (АА) - Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отпуштен од болницата „Черити“, во Берлин каде што се лекуваше, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмената изјава од болницата „Черити“ беше наведено дека Навални, кој престојуваше во болницата од 22 август, е во добра здравствена состојба.

Исто така, се наведува дека Навални бил отпуштен од болницата вчера по завршувањето на лекувањето и дека се смета оти тој може целосно да го врати своето поранешно здравје.

Исто така се додава дека долгорочните последици од тешкото труење може да се проценат само подоцна.

Не се наведува кога Навални ќе се врати во Русија.

Во текот на враќањето од сибирскиот Омск во Москва на 20 август, 44-годишниот Навални остана без свест во авионот, а по принудното слетување беше хоспитализиран во Омск, под сомнение за „токсично труење“ со супстанција измешана во неговиот чај.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.