Dmitri Chirciu
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот опозициски лидер и основач на Фондот за борба против корупција, Алексеј Навални, е осуден на 30 дена затвор поради кршење на правилата за организација на протестите, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред Окружниот суд во Симоновски во Москва, Навални е прогласен за виновен за „кршење на правилата на протестите“.
Поради повторување на сличен прекршок, судот одлучи Навални да биде задржан во затвор 30 дена. Уапсен е во утринските часови додека бил на трчање.