Emre Gürkan Abay,Dmitri Chirciu
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, ја укина примената на барањето визи и условот за доделена задача на турските граѓани кои имаат специјален и службен пасош, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според декретот потпишан од Путин, укинати се ограничувањата за одредени турски граѓани кои биле предмет на визниот режим од ноември 2015 година.
Со потпишаниот декрет, укината е примената на барањето визи и условот за доделена задача на турските граѓани, кои имаат специјален и службен пасош, и на членовите на нивните семејства, како и за лицата кои работат во дипломатските претставништва на Турција во Русија.
Исто така, соопштено е дека декретот стапува во сила на денот на потпишувањето.
Декретот е потпишан со услов дека и Турција реципрочно ќе преземе слични мерки за руските граѓани.
Со потпишаниот декрет од страна на Путин во февруари беше укинато барањето виза за турските граѓани, кои имаат специјален и службен пасош и за шоферите, но тогаш Турција реагираше на точката од декретот за барањето на услов за доделена задача.
Како резултат на приговорите на Турција декретот не стапи на сила.