Elena Teslova
06 Мај 2023•Ажурирај: 07 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Рускиот писател Захар Прилепин, познат по поддршката на московската „специјална операција“ во Украина, повреден е денеска при експлозија на автомобил, известува Анадолу.
„Експлозивната направа била прицврстена под неговиот автомобил, при што возачот на Прилепин загинал, додека точната состојба на писателот не е позната“, соопшти руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од полицијата.
Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, ги обвини САД, НАТО и Украина за организираниот напад.
„Вашингтон негувал уште една терористичка ќелија - режимот во Киев. Бин Ладен, ДЕАШ, сега (претседателот на Украина, Владимир) Зеленски со насилниците. Ова е директна одговорност на САД и Британија. Се молиме за Захар“, објави портпаролката на руското МНР на социјалната мрежа Телеграм.
Експлозијата се случи по неколку дена откако Русија ја обвини Украина дека е одговорна за обидот за напад со дрон на Кремљ.
Киев негираше каква било вмешаност.