Ali Cura
26 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
МОСКВА (AA) - Руската Федерална безбедносна агенција (FSB) соопшти дека украинските воени бродови од Азовско море се вратиле во пристаништата, јавува Anadolu Agency (AA).
FSB упати соопштение за интервенцијата на руските бродови кон украинските. Соопштија дека трите бродови на Поморските сили на Украина се вратија во пристаништата.
„Киевската администрација која носи вакви опасни и неодговорни одлуки би требала да размисли за последиците на постапките", се наведува во соопштението.
Порака на социјалната мрежа Твитер упати и гласноговорничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која го обвини Киев дека во Керченскиот теснец провоцирал.
- Русија отвори оган на украинските воени бродови
Во соопштението на Поморскитe сили на Украина се наведува дека руските сили ги следеле украинските бродови и дека се повредени шестмина украински војници.
Украинската морнарица утрово соопшти дека бродот на руската крајбрежна стража удри и го проби украинскиот влекач.
Командата на Поморските сили на Украина претходно соопшти дека од бродот FSB е отворен оган на украинските бродови и дека се повредени две лица.