Diyar Güldoğan
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Руската државна Дума денес го ратификуваше договорот со Сирија за проширување на поморската база во пристаништето Тартус на источниот медитерански брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Според државната новинска агенција ТАСС, договорот ќе биде валиден 49 години, и ќе и овозможи на Русија во истиот момент во пристаништето да бидат стационирани 11 воени бродови.
Ратификацијата следуваше откако рускиот претседател Владимир Путин на 13 декември го проследи договорот до долниот дом на парламентот - Дума на одобрување.
ТАСС додава дека договорот автоматски ќе се продолжи на период од 25 години, доколку една од двете страни нема ништо против.
Русија и Сирија во август 2015 година потпишаа договор за трајно распоредување на руските воени авиони и војници во воздушната база.
Путин на 11 декември оваа година нареди повлекување на руските трупи од Сирија, додавајќи дека поморската база Тартус и воздушната база Кмеимим ќе бидат сеутше во употреба.