Elena Teslova
03 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, денес ги ратификуваше договорите за приклучување на четири региони на Украина кон руската територија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пратениците одржаа индивидуални гласања за инкорпорирање на регионите Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје во Русија.
Сите пратеници беа едногласни за поддршка на потегот, а ниту еден пратеник не беше воздржан или гласаше против.
Минатиот петок, рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор со сепаратистичките власти на четирите украински отцепени региони за приклучување кон Русија, по референдумите одржани од 23 до 27 септември.
Гласањето се случи по повеќе од седум месеци од руската војна против Украина, што започна на 24 февруари.
Референдумите беа осудени од меѓународната заедница, при што европските нации и САД рекоа дека се „измама“ и нагласија дека нема да бидат признаени.
Нарекувајќи го потегот на Москва „сериозно кршење на воспоставените принципи на меѓународното право“, Туркије, исто така, рече: „Ја отфрламе одлуката на Русија да ги анектира регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Украина.“