Bahtiyar Abdülkerimov
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
КИЕВ (АА) - Руската Армија фрлила две многу моќни бомби врз украинскиот град Мариупол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на профилот на социјалните мрежи на Градскиот совет на Мариупол се наведува дека руските сили фрлиле две многу моќни бомби од воздух врз Мариупол, и дека како резултат на тоа, градот бил подложен на уште поголемо уништување.
„Непријателот продолжува злобно да го уништува украинскиот град Мариупол. Руската авијација денеска фрли две многу моќни воздушни бомби. Градот беше подложен на уште поголемо уништување“, се вели во соопштението на Градскиот совет.