Ali Cura
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, истакна дека Русија ќе продолжи со својата „воена операција“ додека не ги постигне целите поставени во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шојгу на состанокот со високите команданти на Армијата одржан во Министерството даде информации за војната во Украина.
Тој нагласи дека дека првата етапа од „воената операција“ на руската Армија во Украина е генерално завршена.
Според него, силата на Украинските вооружени сили е значително намалена.
„Тоа може да ни овозможи да се фокусираме на нашата главна цел - ослободувањето на Донбас“, рече Шојгу.
Наведувајќи дека руската Армија постигнала супериорност во Украина, Шојгу рече дека уништени се голем број системи за противвоздушна одбрана.
Шојгу исто така нагласи дека до денес се уништени 123 од вкупно 152 авиони на Украина, 77 од вкупно 149 хеликоптери и 152 од вкупно 180 ракетни системи за противвоздушна одбрана.
Според Шојгу, дојден е крајот на Украинските поморски сили, додека, рече тој, Украина има значителни загуби во сите формации на копнените и воздушните ударни сили.
Истакнувајќи дека руската Армија нема да ја прекине својата „воена операција“ додека не ги достигне целите поставени во Украина, Шојгу рече дека руските војници активно им помагаат на жителите на Луганск и Доњецк.
Шојгу нагласи дека Русија внимателно ги следи изјавите на лидерите на НАТО во врска со испораката на авиони и системи за противвоздушна одбрана во Украина.
„Доколку овие планови се остварат, ќе биде даден соодветен одговор“, додаде министерот за одбрана на Русија, Шојгу.