свет

Русија ја поздравува подготвеноста на Турција да придонесе за решавање на украинскиот конфликт

„Турскиот претседател зборуваше за подготвеноста и волјата на Турција да продолжи со своите активности на посредување и да придонесе во мировниот процес, што е поздравено од нашата земја“, рече Песков на прес-конференција во Ашхабад

Elena Teslova  | 12.12.2025 - Обновена : 13.12.2025
Русија ја поздравува подготвеноста на Турција да придонесе за решавање на украинскиот конфликт

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија ја поздравува желбата на Турција да придонесе во решавањето на украинскиот конфликт, јавува Анадолу.

За време на прес-конференцијата во Ашхабад, главниот град на Туркменистан, Песков рече дека Москва ги поздравува коментарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за конфликтот.

„Турскиот претседател зборуваше за подготвеноста и волјата на Турција да продолжи со своите активности на посредување и да придонесе во мировниот процес, што е поздравено од нашата земја“, рече Песков.

На прашањето дали украинското прашање било дискутирано од страна на лидерите од Централна Азија на Меѓународниот форум за мир и доверба во Ашхабад, Песков рече дека тие практично не се осврнале на тоа прашање.

Како одговор на друго прашање дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со претставници од Украина и ЕУ, портпаролот на Кремљ рече дека Москва нема информации за ова прашање.

Трамп претходно изјави дека претставниците на САД ќе присуствуваат на состанокот в сабота со претставници од Европа и Украина само „доколку има добри шанси за договор“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.