Gamze Türkoğlu Oğuz
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Покрај Фејсбук и Твитер, се тврди дека и интернет-платформите како што се Јутуб, Тамблер (Tumblr), Пинтерест, Инстаграм и Гугл + биле под влијание на Русија, при нејзиното интервенирање на изборите во САД во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Сенатот, што требаше да биде објавен оваа недела и кој бил преземен од „Вашингтон пост“, се тврди дека Русија ја користела секоја голема социјална медиумска платформа за да влијае на изборите во 2016 година.
За извештајот за анализата на социјалните медиуми подготвен од Проектот за социјална правда на Оксфордскиот Универзитет и компанијата „Графика“ се истакнува дека се работи за прва широка анализа на милионите споделувања од страна на социјалните медиуми Твитер, Гугл и Фејсбук.
Во извештајот се наведува дека од интервенцијата на Русија биле засегнати покрај Фејсбук и Твитер, и интернет-платформите како што се Јутуб, Тамблер (Tumblr), Пинтерест, Инстаграм и Гугл +, а исто така и и-мејл сервисот на Гугл, Џимејл, Хотмејл, Мајкрософт и Јаху.
Во извештајот подготвен во детали, разузнавачките агенции на САД ја опишуваат како една „фарма на тролови“ кампањата предводена од руската Агенција за истражувања на интернет, која е поврзана со руската власт.
„Русија со споделувањата за миграциите и вооружувањето била фокусирана на конзервативците“, се наведува во извештајот.
Во него, исто така, се истакнува дека ширењето лажни информации за изборниот процес било да се влијае врз левичарските афроамерикански граѓани.
„Јасно е дека сите пораки биле да има корист Републиканската партија, особено Доналд Трамп“, пишува во извештајот.
Авторите на извештајот, исто така, критикуваа дека одговорот на компаниите за интервенцијата бил „задоцнет и некоординиран“.